Жената, чиј сопруг се здебелил надвор од границите на нормала, открила дека неговиот проблем со килограмите го уништува нивниот однос. Во писмото до секс колумнистката, таа напишала дека ова ѝ е трет брак и дека нејзиниот сопруг е напрекрасниот човек што некогаш го запознала.
„Љубезен, забавен, прекрасен татко и очув на нашите деца, но неговото дебелеење доведе до тоа да ни се расипе сексуалниот живот. Никогаш не ме привлекувале дебели луѓе“, рекла таа, и дополнила:
„Нашиот сексуален живот умира, а тој не сака да се промени. Што да правам? Не сакам да живеам во брак без секс“, прашала очајната сопруга, која објаснила колку се обидувала да готви здрава храна, но нејзиниот сопруг продолжува да јаде брза храна и да пие пиво.
Секс колумнистката ѝ одговорила дека секоја успешна врска се темели на искрена комуникација и поддршка. Додала и дека нејзините очекувања се нереални и водат кон пропаст. И покрај тоа што нејзиниот сопруг пред бракот немал проблеми со тежината, нагласила дека секоја нездрава навика во животот, обично е сигнал дека човекот не е среќен. Експертот советува дека жената најпрво треба да поразговара со сопругот за ситуацијата на начин на кој двајцата ќе се отворат еден кон друг.
Потоа се надоврзала и на темата за нејзиното сексуално незадоволство.
„Сметам дека е исклучително тешко да го задржиш копнежот по жената која не те смета за привлечен. Ти најпрво би требало да се ослободиш од негативниот став кон телото на твојот сопруг“, остро ѝ одговорила советничката и додала дека треба да се едуцира за проблемот со емоционалното прејадување, за успешно да го зајакнат нивниот однос.