Во натпреварот од 36. коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона на гостински терен ја совлада последнопласираната Алмерија со 2:0 и е на чекор до обезбедување на втората позиција зад шампионот Реал Мадрид. Двата гола за гостите ги постигна Фермин Лопез во 14 и 67 минута.
На две кола пред крајот на првенството Барса има четири бода повеќе од третата Жирона и шест од Атлетико Мадрид на четвртата позиција. Алмерија е на дното со само 17 бодови и одамна ги загуби сите шанси за прволигашки спас.
Во четврток беа закажани уште два натпревари.
Реал Сосиедад ја победи Валенсија со 1:0 и освои важни бодови во борбата за Европа. Решавачкиот гол го постигна Андре Силва во третата минута. Сосиедад сега е шести со 57 бодови, а Валенсија е деветта со 48 бодови.
Лас Палмас и Реал Бетис одиграа 2:2. Гостите двапати водеа, но домаќинот успеа да извлече реми. Бетис поведе во 21. минута по автоголот на Мика Мармол, а само шест минути подоцна израмни Алекс Суарез. Бетис дојде до нова предност во 49. минута преку Ајоза Перез, а Алберто Молеиро ги постави конечните 2:2.
Бетис е седми со 56 бодови, а Лас Палмас е на 14. место со 38 бодови.