Поради најголемиот годишен спортски настан во САД, финалето на плејофот на НФЛ „Супербоул“, во неделата се одиграа само два натпревара во најсилната кошаркарска лига во светот – американската НБА, а двата се одиграа во раниот термин. Во првиот Бостон Селтикс како гости ги совладаа Мајами Хит со 110:106, а во вториот Оклахома Сити Тандер на свој паркет ги победија Сакраменто Кингс со 127:113.
Во Мајами, минатогодишниот финалист Хит беа домаќини на актуелниот лидер во лигата, тимот на Селтикс, без нивниот прв играч Џими Батлер кој непосредно пред мечот замина од „лични причини“, односно поради смртен случај. Но и без него домашниот тим пружи силен отпор. Во игра за победа беа до самиот крај, на точно една минута пред крајот на мечот Хејвуд Хајсмит имаше позиција за „тројка“ за предност од 107:106, но не беше прецизен, а потоа Кристапс Порзингис уфрли две слободни фрлања за да ги доведе гостите до предност од два поседа (108:104) која ја сочуваа до крајот.
Блиску до „трипл-дабл“ во тимот на Селтикс беше Џејсон Тејтум со 26 поени, 10 скока и 9 асистенции, Порзингис додаде 25 коша и 9 скока, додека Тајлер Хироу со 24 поени и Бам Адебајо со 22 гола и 13 скокови ги предводеа домашните кошаркари.
Со сооднос победи-порази 41-12, Бостон се убедлив лидер во Источната конференција и во целата лига, додека Мајами со 28-25 се осмиот тим на Истокот.
Во Оклахома Сити домашните Тандер дојдоа до голема предност во третата четвртина, во текот на која направија серија од 16:0 и пред последните 12 минути имаа водство од 100:83. Гостите од Сакраменто успеаја да се доближат на 108:101, но не и поблиску, а домашните мирно го приведоа натпреварот до крај.
Шај Гилџеус-Александер со 38 и Џејлен Вилијамс со 32 поени ги предводеа Тандер, додека Домантас Сабонис со 21 кошл, 14 асистенции и 11 скока впиша уште еден „трипл-дабл“ за Кингс, во чии редови Малик Монк беше најефикасен со 26 поени.
Со оваа победа Оклахома Сити се израмнија со шампионите Денвер Нагетс за третото место на Западот со 36-17, додека Сакраменто падна на седмото место на Западот со 30-22.