Карлос Ескивел, сопственик на популарен ресторан во историскиот центар на Картагена, Колумбија, беше прилично претепан од гневни граѓани откако на социјалните мрежи беше видена снимка на која сексуално злоставува вработена.
Уморна од неговите напади, една неименувана девојка неодамна тајно го снимила како бара од неа интимни односи и ја фаќа интимните делови од телото, а видеото го споделила со роднините и некои пријатели кои заедно со други лица организирале средба со насилникот.
Сопственикот на ресторанот бил брутално претепан од очувот на девојчето, кој полицијата го уапсила поради нанесување тешки телесни повреди. Порталот Колумбијано пренесува дека Ескивел сигурно би поминал полошо доколку полицијата веднаш не РЕАГИРАЛА на местото на инцидентот, додавајќи ја информацијата дека истиот несреќник претходно ги малтретирал и другите вработени.
Понатаму се вели дека Ескивел во секој случај ќе мора да одговара пред властите за сексуално злоставување на девојката што го снимила видеото.
Предупредување, видеото не е за помлади од 18 години:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.