Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ во
рамките на проектот „Видео игротека“ распишува повик за концепт за видео игра на тема
„Заштита на животната средина“ за деца и млади на возраст од 7 до 18 години. Целта е да се
обрне внимание на бројните еколошки проблеми и енормната потреба од заштитата на
животната средина, а воедно децата и младите да се поттикнат да ги користат новите
технологии на креативен начин.
Сите заинтересирани ќе треба да смислат концепт за видео игра, и тоа децата на
возраст од 7 до 12 години да приложат идеја и цртеж, а младите на возраст од 13 до 18
години да приложат концепт и 2Д/3Д цртеж (концепт арт или дизајн) за играта. Идеите
ќе ги оценува стручно жири составено од програмери, гејмери, професори, а најдобриот
концепт ќе добие награда.
Цел на проектот е да се промовира етички однос кон природата и ќе го потенцира овој
проблем како многу битен и клучен за развој нa здраво општество и земја. Видео игрите
кои се дел од активностите од проектот треба да послужат како алатки за подигање на
општествената свест кај младите. Идејата е и младите да се запознааат со креативните
можности кои ги нуди еден од најбрзо растечките нови медиуми, а тоа се видео игрите.
Право да учествуваат на овој повик имаат тимови и индивидуалци кои можат да аплицираат
најмногу со по два концепти за видео игри.
Предлозите за игрите да се испраќаат на [email protected] најдоцна до 31 мај 2022.
Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ – Скопје,
како единствена организација од овој вид во државата (која вклучува различни асоцијации од
областа на креативните индустрии) посветена на унапредување и развој на сите сегменти на
креативните индустрии. Проектот „Видео игротека“ е поддржан од Министерството за култура и
Делегацијата на ЕУ.