Повозрасно лице, најверојатно се надишало чад од пожар во кумановското село Кокошиње, при што починало, јави попладнево директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
– За жал штотуку пристигна информација за починато возрасно лице во кумановското с. Кокошиње, најверојатно задушено од чад. Неговата сопруга била успешно евакуирана – Ангелов.
Инаку, до 14 часот попладнево на територија на државава имало вкупно 20 пожари, од кои осум се активни, десет се изгаснати и два се ставени под контрола.