Вчера во 08:40 часот било пријавено дека во Беловиште-гостиварско настанал пожар во куќа сопственост на 76 годишниот Ќ.Ш..
Од пожарот опожарени биле дел од објектот и покуќнината, а со телесни повреди се здобил сопственикот, извести МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица-Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.