Во Србија повторно е активиран системот „Најди ме“ поради исчезнување на момче.
Имено, 9-годишното момче Милош Васиќ исчезнало во населбата Маринкова бара, во белградската општина Вождовац.
Како што стои во објавата, Милош е облечен во бела маица со кратки ракави, сини шорцеви и носи папучи.
Тој е висок околу 145 сантиметри, со слаба градба и носи очила.
„Доколку го видите момчето, веднаш контактирајте го бројот 192 или одете во најблиската полициска станица“ се вели во објавата.