Поради почитување на мерките за заштита од коронавирусот, голем број на граѓани се наоѓаат во своите домови. Меѓутоа, ги има и оние кои од големите градови заминаа на помали места за да го зачуваат своето здравје.
Меѓу нив се Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ кои уживаат во околината на домот на Богдана.
Вељко на социјалните мрежи објави како ги поминува деновите во изолација односно редовно тренира бокс. Тој во оваа прилика покажа и дел од имотот на кој моментално ужива со својата сопруга.
Во продолжение погледнете во каква убавина ужива познатиот пар.
За потсетување, на почетокот на летото Вељко и Богдана ќе станат родители на нивното прво дете односно син за кој го одбраа името Жељко.