Погледнете како изгледа украински град по минувањето на руската војска

Руската војска и украинското министерство за надворешни работи објавиле фотографии од воздух од градот Маринка во источниот регион Доњецк во Украина. Градот е срамнет со земја.

Новинската агенција АП објавила фотографии од Маринка направени со дрон кои прикажуваат слични сцени. Артем Шус, шеф на полицијата во Маринка, изјавил дека градот е уништен.

Погледнете како изгледа украински град по минувањето на руската војска

„Маринка е целосно евакуирана, во градот нема никој освен војници. Не постои начин таму да живее цивилно население. Руските сили намерно ги рамнат со земја урнатините во градот за да ги уништат сите засолништа, без оглед дали станува збор за цивилно засолниште или воен објект. Уништуваат се бидејќи со својата тактика не можат да ги поразат нашите трупи. Затоа уништуваат сè живо“, рекол Шус за „AP“.
Маринка пред војната била дом на повеќе од 10.000 жители.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.