Подмладува, ја хидрира кожата и ја враќа нејзината еластичност: Овој тоник прави чуда, а се подготвува од само 2 состојки

Тоникот во последно време е неизоставен дел од негата на кожата на лицето. Тој ја одржува влажноста на кожата и ѝ овозможува да остане блескава и здрава.
Наместо да купувате скапи тоници во аптеките, можете да си направите домашен тоник кој е подеднакво ефикасен, а за истиот ќе ви бидат потребни само 10 минути.
За кожата да ја задржи еластичноста и да изгледа добро, тајната е во зелениот чај. Листовите од зелениот чај биле користени во древна Кина уште многу милениуми наназад, поради нивните ефектни лековити својства, а истиот се користи и денес.
Зелениот чај содржи дури 200 биоактивни соединенија вклучувајќи галокатехин, епигалокатехин и епикатехин кои имаат одлични лековити својства за кожата.
Денеска ви претставуваме рецепт за тоник од зелен чај, а доколку го користите секое утро и секоја вечер, за кратко време ќе забележите значајна промена на лицето. Освен што ќе изгледа позатегнато и посвежо, кожата ќе стане и поотпорна на штетните надворешни влијанија.


Потребни состојки:
– една ќесичка зелен чај
– една шолја дестилирана вода
Начин на припрема:
Во мал сад, загрејте ја водата речиси до вриење, тргнете ја од оган и во неа додадете една ќесичка зелен чај. Оставете да отстои 10 минути, а потоа префрлете го во шише со распрскувач и вашиот тоник е спремен за употреба.
Совет: чувајте го шишето во фрижидер за максимални резултати и за тоникот да трае подолго.
Некогаш најголемите тајни на добриот изглед се сосема едноставни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.