Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против д-р Жан Митрев и неговата истоимено клиника. Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.
ВИСИНАТА НА ИЗМАМАТА ЗА КОЈА СЕ ТОВАРИ ИЗНЕСУВА 97.500.000 ДЕНАРИ
За кривично дело измама на 283 тешко болни ковид пациенти, Обвинителството реши да ги гони лекарот Жан Митрев и неговата истоимена клиника во која тој е и одговорно лице за што до надлежниот суд бил доставен и обвинителниот предлог
Ова беше соопштено на денешниот брифинг во Јавното обвинителство.
На синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма тој рече дека е невин, никого не измамил и дека пациентите свесно по своја волја поднесувале депозити. За сите ненаправени услуги, како што рече, средствата биле враќани на нивна сметка.
Основното јавно обвинителство Скопје во август отвори истрага за измама на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“, а сопственикот на приватната клиника беше повикан на распит во врска со лекувањето на пациентите со методот на хемофилтрација.
За да го спречи Жан Митрев да ја напушти државата, скопското обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за одземање на пасошот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.