Пожар во атарот на село Десово, се префрли и кон Велешко (с.Степанци – Општина Чашка)

ТППЕ – Прилеп не извести за пожарот во атарот на село Десово (Општина Долнени) во високиот дел над селото, кој што префрлил од Велешко (с.Степанци – Општина Чашка).

Во 15.22 часот контактирано е со пожарникарите на терен кои не известија дека пожарот е активен во два крака: еден крак над вештачките езерца кај с.Десово каде интервенираат 4 лица од ЈП Национални шуми – Прилеп и вториот крак кон манастирот и кон село Дреновци каде интервенира ТППЕ – Прилеп (6 пожарникари со 2 ПП возила), додека делот накај село Небрегово е изгасен.

Известени се ЕЛС – Долнени и ДЗС – Прилеп

Пожар на сува трева во близина на Прилеп во атар на с. Селце каде интервенираат 3 пожарникари со 1 ПП возило од 14.38 часот, велат од ЦУК.

Пронајдете не на следниве мрежи: