Пожар во скопско зафати борова шума, активирани трите Ер трактори и хеликоптер на МВР

Пожар кој навлегол во борова шума попладнево е пријавен во Општина Сарај кај селото Љубин.
Од ЦУК информираат дека се активирани трите авиони Ер трактор и еден хеликоптер на МВР.

-Заради истовремен ангажман на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје на неколку пожари во исто време и недостиг на противпожарни сили, близина на населени места, а и заради намалувањето на периодот за оперирање на крајот од денот, се влучува еден полициски хеликоптер на МВР и трите противпожарни авиони ,,ер трактор” на ДЗС, велат од ЦУК.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.