Пожар во стан во Куманово: Причинета е материјална штета

Пожар избувна попладнево после 16 часот во стан од зграда на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари. Во пожарот нема повредени лица.

– Изгаснат е и нема повредени лица, причинета е материјална штета, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарникарите го гасеа пожарот околу два и пол часа.

Пронајдете не на следниве мрежи: