Повеќе од 80 скапоцени суперспортски автомобили исчезнаа во пожар во кој до темел изгорел хангарот во кој биле паркирани на северозападот од Англија,
Меѓу нив се наоѓал и Ferrari LaFerrari, еден од најскапите автомобили во колекцијата, но и единствен кој во целост не изгорел. Бил еден од 499-те произведени, а вредноста му била над милион фунти.
Jaguar XJ220 исто така се наоѓал меѓу уништените возила. Во светот имало само 287 произведени. Тој бил највредниот автомобил во колекцијата проценет наводно на над 3 милиони фунти.
Иако од пожарот поминало многу време, дури сега се објавени фотографии од изгорените возила.
Според објавените информации, меѓу изгорените автомобили се и:
Aston Martin AMV12S, Aston Martin Zagato, BMW M2, Fiat 695 Biposto, Ferrari 250 GTE, Ferrari 355 Fiorano, Ferrari 360 Spider, Ferrari 599GTO, Ferrari F12tdf, Ferrari GTC4 Lusso, Ferrari Pista, Ferrari 812SF, Jaguar XJ220, Lamborghini трактор, Lexus LFA, McLaren, McLaren 650S, McLaren 675LT, McLaren Senna, Porsche 991 Endurance Cup и Porsche Carrera GT.