Пожарот во штипскиот дел на Серта се шири кон селото Пиперово

Огнените јазици одат во атарот на штипското село Пиперово на планината Серта, вели за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и додава дека ова е ново жариште и линијатата на огнот на оваа планина се зголемува.

Јорданов посочува дека попладнево пожарникарите и вработените во останатите институции кои се анагажирани во гаснењето на пожарот се во тој дел на планината.

Тој најави дека и вечерва ќе биде свикан кризниот штаб и мобилизација на луѓе и машини кои ќе го спречат огнот да влезе во селото Пиперово.

Утринава во штипскиот дел се гасеше и од воздух. Но, македонските и турските ер трактори, како и хрватскиот канадер заминаа на други пожари во земјава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.