Страшна вест стигна од Берлин каде беше застрелан познатиот боксер Ибрахим Ајада.
Локалниот „Билд“ јавува дека пукањето се случило околу 4 часот и 30 минути наутро и дека боксерот е во критична состојба.
Нападот врз Ибрахим го извршиле две лица кои во текот на вечерта се возеле во автомобил со затемнети стакла и холандски регистарски таблички.
Се сомнева дека тоа е дел од мафијашка пресметка, бидејќи боксерот по завршувањето на кариерата често бил виден во круговите на клановите во главниот град на Германија.
„Билд“ пренесува дека во престрелката најмалку еден куршум го погодил Ибрахим во вратот. Тој бил пренесен во болница, по што итно бил опериран.
Ајада ја заврши кариерата во 2020 година
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.