Познат идентитетот на 16-тата жртва од превртениот автобус кај Ласкарци

19-годишната Ерза Османи е девојката која заедно со 19-годишниот студент се најмладите жртви од трагичната сообраќајна несреќа која минатиот месец се случи кај Ласкарци.
д-р Алберт Леши, од Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување при Ургентниот центар за “Независен“ изјавил дека и покрај сите напори на докторите нејзиното срце престанало да чука.
Ерза Османи имаше тешки повреди на коските, на мускулите, на карлицата и на стомакот, а и беше ампутирана и ногата. По повеќе од еден месец водење битка таа, сепак, не успеа да се избори за својот млад живот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.