Познат идентитетот на мажот кој загина во сообраќајка, со товарно возило излетал од патот

На 02.04.2024 околу 14:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Р 1401 Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот.

Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Пронајдете не на следниве мрежи: