Зои Кравиц и Ченинг Тејтум ја раскинаа свршувачката само една година откако почнаа да ја планираат својата венчавка.Извори изјавија за People во вторникот дека парот неодамна се разделил.Нивните претставници се уште не го коментирале наводното раскинување, пишува Daily Mail.Оваа вест ја шокираше јавноста бидејќи парот делуваше хармонично. Ченинг беше виден во септември со тетоважи од иницијалите на Зои.Последната слика од поранешната двојка беше објавена на Инстаграм профилот на Ченинг на 3 септември, каде Зои се гледа како спие на голи гради додека прави селфи.Тие беа видени заедно на 6 октомври на ноќно излегување во шоуто „Picture Day“ во Њујорк.Во тоа време, извор изјави за People дека парот изгледал „слатко заедно“.„Ченин и Зои се држеа за рака и изгледаа многу среќни заедно“, рекол изворот.„Тие беа нежни, но немаше прекумерно покажување на наклонетост. Беа толку кул и опуштени. Беа воодушевени од тоа колку беше интелектуално шоуто“.
Пронајдете не на следниве мрежи: