Познатата радио водителка Дивна Карлеуша која беше погребана се уште е топ тема во сите регионални медиуми.
Особено нејзината смрт ја погоди ќерката Јелена Калреуша за која фановите се загрижени поради болката и страдањата кои ги поминува пејачката овие денови.
Јелена не може да се помири дека нејзината мајка ја нема, па само го изговара нејзиното име, гледа во една точка и цело време е на лекови, пренесуваат блиските роднини и пријатели на пејачката.
Пејачката дополнително ги шокираше сите откако се појави со скратена коса за време на нејзиниот погреб вчера, а овој потег многумина ги потсети на нејзината мајка Дивна која така изгледаше откако прими хемотерапија и и падна косата.
Слична фризура пејачката имаше и во далечната 1997 година, но тогаш за популарност, денес од тага…