Познато е во каква состојба се повредените дечиња од Македонија, ова е идентитетот на жената која се бори за живот во Србија

По вчерашната страшна несреќа кај Ковиљ, во која животот го загуби еден хрватски државјанин, а повредени се четворица негови сопатници, македонски државјани, лекарите се уште се борат за животите на едно девојче (7 години) и една жена (52), објави денеска „Блиц“.
Од Заводот за здравствена заштита на деца и младинци на Војводина за „Блиц“ велат дека момчето (10) кое е полесно повредено во несреќата се чувствува добро, додека девојчето (7) за кое се претпоставува дека му е сестра е на интензивна Одделот за нега на Детска хирургија „во тешка состојба, но засега стабилна“.
Од Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар во Војводина за „Блиц“ велат дека вчера по несреќата во таа здравствена установа биле примени двајца пациенти со тешки телесни повреди во вид на повеќекратни трауматски повреди на главата и телото.
– Пациентката Ф.А. (52) е во тешка општа состојба, сместена на Клиниката за анестезија и интензивно лекување, каде се спроведуваат интензивни конзервативни лекувања, додека пациентката Л.А. (32) со стабилна општа состојба, сместена во Одделот за итна хирургија, каде е примена на конзервативен третман и опсервација, велат за „Блиц“ од болницата.
Несреќата се случила вчера околу 11.50 часот на автопатот Е-75 Белград – Нови Сад, кога автомобил „пежо“ со македонски регистарски таблички управуван о загинатиот хрватски возач, од засега непознати причини излетал од патот.
Полицијата од Нови Сад се уште официјално го нема објавено случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.