Познато кој ќе го добие почесниот Оскар за животно остварување

Продуцентот на „Војна на ѕвездите“, Кетлин Кенеди и актерката Сисели Тајсон ќе ја добијат годинешната почесна награда за животно остварување, соопшти денес американската Академија за филмска уметност и наука.
Кенеди, која ќе биде наградена заедно со својот сопруг продуцентот Франк Маршал, ќе биде првата жена која ќе ја добие меморијалната награда Irving G. Talberg, која се доделува годишно на филмските продуценти за нивниот опус.


Сисели Тајсон (93) родена во Њујорк, е една од најпочитуваните афро-американски актерки и ќе го добие почесниот Оскар.
Академијата која го организира годишното доделување на Оскар, наведува дека почесните награди ќе бидат доделени на гала вечер во Лос Анџелес во ноември.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.