Полицискиот час се продолжува за уште 2 недели – нови построги мерки ако има зголем број на заразени

Министерот за здравство, Венко Филипче за Сител изјави дека од утре си продолжува да важи полицискиот час кој трае од 22 часот до 05 часот наутро. Тој изјави дека доколку дојде до зголемување на бројот на заразени можни се дополнителни построги мерки.
– Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти кои што се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети кои што со менаирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикција ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови, истакна министерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.