Полицијата во Амстердам ја расчисти областа околу централната метро станица Рокин, а експертите за експлозиви се на лице место и вршат увид, соопшти полицијата.
„Поради сомнителна ситуација, метро станицата Рокин штотуку е евакуирана, а областа околу станицата е опколена. ТЕВ врши увид на лице место“, напиша полицијата на платформата „Икс“.
Метро станицата Рокин се наоѓа во самиот центар на градот, во близина на плоштадот Дам и главната трговска улица, пренесува „ДВ“.
Репортер на државната телевизија „НОС“ изјави дека е оградена површина од околу 700 метри околу станицата.
Тој додаде дека има забележливо големо присуство на полицијата и дека сообраќајот во центарот на Амстердам е во застој.
Апликацијата Бургернет, која ги предупредува жителите за итни случаи во нивната област, соопшти дека полицијата трага по маж во врска со инцидентот.
Човекот е опишан како висок 175 сантиметри, со светол тен, темна коса и носел црна јакна.