Денеска на КАРИЛ почина 21 годишниот Никола Саздовски, кое на 29-ти јуни беше претепано во скопската населба Автокоманда. На социјалните мрежи пријателите се збогуваат од него, а еден од оние кои се збогува со него е и членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Општинскиот комитет Кисела Вода на партијата, Орце Ѓорѓиевски. Тој вели дека полицијата со денови молчи, дека за овој случај се посочуваат виновниците, а дека надлежните сакаат да го затскријат настанот како едно небитно секојдневие од црниот билтен на МВР.
Фејсбук статус на Орце Ѓорѓиевски:
Денес почина Никола Саздовски-Сазде, наш сопартиец , другар, соборец. Комита и страствен навивач на Вардар. Човек кој што го сакаше животот,другарите и убавите работи. И навистина остануваат да ги паметиме добрите работи, кои кај Сазде ги имаше многу.
Но има и едно горчливо чуство кое во овие моменти е поголемо и кое говори за неправдата во која живееме. Полицијата со денови молчи, иако цел град ги посочува и знае виновниците, медиумите во голема мера не пишуваат за позадината на ова ладнокрвно убиство, а надлежните сакаат да го затскријат настанот како едно небитно секојдневие од црниот билтен на МВР. Но БИТНО Е, и тоа како е битно. Затоа што Никола не е статистички податок, затоа што тие што сега посегнаа по животот на млад човек , ке посегнат пак. А правдата останува недопрена под налетот на партиско политичките закрили кои инсталациите на власта им ги даваат на криминалците. И совршено јасно е дека тие кои штитат криминал се истите кои создаваат криминал. Но ќе се сменат работите, ќе огрее сонце и правдата колку и да се чини сега недостижна ќе ги стигне виновниците и ќе одговараат пред законите.
Никола другару, убеден сум дека ти си сега на едно помирно, многу поубаво и поправедно место.
Почивај во мир !!!