Полицијата на Курти влезе во две аптеки на Северот на Косово

Припадниците на косовската царина, потпомогнати од припадници на полицијата, денеска извршија претрес во две аптеки, едната во Звечан, а другата во Северна Митровица.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, за Косово онлајн потврди дека биле претресени две аптеки.

„Царината побара наша помош за преглед на две аптеки во Звечан и Митровица. Претресот во Звечан е завршен, во Митровица се уште трае“, рече Ељшани.

Пронајдете не на следниве мрежи: