Полска бара земјите од ЕУ да ја укинат забраната за напади на руска територија

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски ги повика земјите од Европската унија да ја укинат забраната Украина да користи оружје со долг дострел произведено од земјите на Европската унија за напади на руска територија.

За време на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Сикорски рече дека доделувањето на такво право на Украина ќе ги спречи руските ракетни напади на територијата на Украина и дека тоа ќе биде остварување на правото на Киев на самоодбрана.

„Ова би било целосна самоодбрана, што е легално според меѓународното право. Заштитата на детските онколошки болници не е ескалација“, нагласи тој по денешната средба.
Претходно, различни извори објавија дека некои земји од НАТО не и дале дозвола на Украина да го користи добиеното оружје за да изврши напади врз цели длабоко на руска територија. Поточно, станува збор за британски ракети „Storm Shadow“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.