Полска префрла повеќе војници на границата со Белорусија поради „Вагнер“

Полскиот владин комитет за безбедност на состанокот во средата одлучи да префрли воени единици во Источна Полска поради присуството на руската приватна воена компанија „Вагнер“ во Белорусија. Ова го соопшти секретарот на комитетот Збигњев Хофман.

Полска префрла повеќе војници на границата со Белорусија поради „Вагнер“

„Обуката и заедничките вежби на белоруската армија и „Вагнер“ се несомнена провокација“, изјави тој за државната новинска агенција ПАП. „Комисијата за безбедност на Советот на министри ги анализира можните закани, како што е распоредувањето на единиците на ПВК „Вагнер“. Затоа министерот за одбрана и претседател на Комитетот Мариуш Блашчак одлучија да ги префрлат нашите воени единици од Западна во Источна Полска“.

Претходно овој месец, полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак објави дека Варшава започнала со трансфер на повеќе од 1.000 воен персонал во источна Полска.

Повторно на почетокот на јули, Полска соопшти дека ќе испрати 500 полицајци да ја засилат безбедноста на границата со Белорусија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.