Познатата српска водителка Сузана Манчиќ е мајка на две ќерки, Теодора и Наталија Куниќ, кои ги доби од бракот со Небојша Куниќ, член на поранешната група “Седморица млади”.
Теодора добро ја знаете, бидејќи српските медиуми доста често пишуваат за неа, додека Наталија не сака да биде изложена на медиумското внимание и јавноста бидејќи е ќерка на позната личност.
Наталија е исто така многу убава, но таа е сосема поинаква од Теодора.
Студира фотографија на Академијата за уметност и е целосно посветена на образованието и нејзината страст кон уметноста.