Помор на риби во реката Вардар

Помор на риби поради загаденост на водата во реката Вардар вчера утрото е забележан по течението од населбата Аеродром до Трубарево. За оваа несекојдневна слика во водите на Вардар жителите од Аеродром го алармирале Центарот за управување со кризи.
По пријавата екипи од Инспекторатот на Град Скопје и ЈП “Водовод и канализација“ излегле на терен и земале примероци од водата за испитување каде бил забележан поморот на рибите. Анализите треба да покажат со што е загадена водата во која настрадаа рибите.
Првичните сознанија се дека загадувањето на реката доаѓа од индустриските капацитети во кругот на поранешната фабрика “Железара“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.