Поп ѕвездите од 1980-те, Ким Вајлд, Тон Хедли од Spandau Ballet и членките на Bananaramа го соборија рекордот во концерт изведен на највисока надморска височина, пеејќи им на патниците во авионот „Boeing 767“, јави ВBC во понеделникот.Концертот е одржан на височина од 43 илјади стапки, односно 13 илјади метри во полза на хуманитарната организација Comic Relief. Досегашниот рекорд го држеше британскиот рокер Џејмс Блант со концерт во авион над Велика Британија на височина од 12.285 метри во 2010 година.Патниците, исто така, го извеле и популарниот заразен танц Харлем шејк на највисоката надморска височина.Концертот бил акустичен, а во него уживале 128 патници, а бил дел од хуманитарното партнерство меѓу Comic Relief и компанијата „British Airways“ во проектот Flying Start во кој изминатите три години се собрани четири милиони фунти.Ким Вајлд обнови дел од својата слава непосредно пред Божик кога на YouTube се појави нејзиното видео на кое во малку повесело издание пее во воз во метрото. „Веќе се извежбав во пеењето во јавниот сообраќај, па кога British Airways ме покани да пеам на 43 илјади стапки едноставно не можев да одолеам“, се пошегувала порано една од најпривлечните поп пејачки по концертот во авионот која ги исполнила своите порано големи хитови „You Came“, „You Keep Me Hangin' On“ и „Kids in America“.
МакфаксПоп ѕвездите од 1980-те, Ким Вајлд, Тон Хедли од Spandau Ballet и членките на Bananaramа го соборија рекордот во