Поради епидемија на корона откажани стотици летови на еден од најголемите аеродроми

Аеродромот Гетвик во Лондон се соочува со големи прекини на летовите оваа недела.
Епидемијата на коронавирус приземји авиони на Гетвик, вториот по големина аеродром во Обединетото Кралство. Од неделата, дневниот лимит таму беше намален на 800 летови за да се одржи безбедноста.

Поради епидемијата откажани се вкупно 164 летови.
Од аеродромот велат дека се надеваат дека ограничувањата ќе му помогнат да избегне откажувања во последен момент.

30 отсто од контролорите на лет не работат, а само вчера беа откажани 50 летови. Многу други летови беа одложени до седум часа поради недостиг на персонал.
Се проценува дека околу 8.000 патници останале без превоз, главно на линиите до Белфаст во Северна Ирска и Даблин во Ирска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.