Поради навреди Карлеуша и Цеца дојдоа на суд, но судијата починал

Пејачката Цеца Ражнатвоиќ и Јелена Карлеуша се сретнаа во Првиот основен суд во Белград, каде се појавија на рочиште поради тужба и контратужба со која се товарат едната и другата

Имено на рочиштето кое било одржано пред шест месеци како обид за смирување, паднале тешки зборови. Јелена Карлеуша потоа во тужба навела дека Цеца ја навредувала, на што фолк ѕвездата вложила контратужба.

Двете пејачки денеска се појавиле на закажаното рочиште, кое пак е одложено поради смртта на судијата.

Јелена и Цеца се задржале 10 минути во судот, по што го напуштиле истиот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.