Тоа значи дека, од почетокот на војната до сега, губеле по 330 милиони долари дневно.
Најмногу загубил поранешниот сопственик на англискиот фудбалски клуб Челзи, Роман Абрамович – 57 отсто, и сега неговото богатство изнесува 7.8 милијарди долари, покажуваат податоците на американски Блумберг.
Абрамович беше еден од првите олигарси санкционирани од Велика Британија. Британските власти го опишаа како некој со „јасни врски“ со режимот на рускиот претседател Владимир Путин.
Богатството на инвеститорот во енергетскиот сектор и близок пријател на Путин, Генадиј Тимченко, е помало за 48 отсто и сега изнесува 11.8 милијарди долари. Богатството на другиот партнер на Путин, Сулејман Керимов, е за 41 отсто помало и сега изнесува 9 милијарди долари.
Како што посочува британскиот весник Гардијан, британската влада ги замрзна средствата на олигарсите и други Руси во вредност од 18 милијарди фунти. Санкционирани се 1.27 илјади луѓе, меѓу кои и вториот најбогат Русин – Владимир Потанин, кого го нарекуваат и „крал на никелот“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.