Поради сомнителните пакети евакуирани Си-Ен-Ен и „Тајм Ворнер“

Заради добиени сомнителни пакети со експлозивна направа во тек е евакуација на зградите на компанијата „Тајм Ворнер“ и на Си-Ен-Ен во центарот на Њујорк, јавија американските медиуми.
Тајната служба соопшти дека пакети идентификувани како „потенцијална експлозивна направа“ се испратени до Белата куќа, до поранешниот претседател Барак Обама и поранешниот кандидат за претседател на демократите Хилари Клинтон. Сомнителниот пакет испратен до Белата куќа бил пресретнат во објект надвор од локацијата.
Пакетот за Клинтон бил пронајден доцна синоќа, додека тој кој беше упатен до Обама беше пронајден утринава, и двата откриени за време на рутинската проверка на поштата.
Белата куќа, во соопштение, ги осуди обидите за напади врз Обама и Клинтон.
-Тие терористички дела се подли, и секој што е одговорен ќе се соочи со законот, рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.