Во германскиот град Хамбург децата кренаа револуција и излегоа на улица. Децата протестираа поради своите родители кои премногу се „ѕверат во мобилните телефони“.
Тие им порачаа на своите мајки и татковци помалку да си играат со паметните телефони, а повеќе со своите паметни деца. Мотото на демонстрациите беше токму тоа „Играј си со мене, а не со својот мобилен“.
Децата носеа транспаренти на кои пишуваше „Не мобилни телефони“, а извикуваа и „Ние сме овде, ние викаме зошто вие само гледате во вашите мобилни“.
“In the two-year study, which included 183 parents with a child under five years old, parents with high technology use were predictive of small but significant behaviour problems in kids,… https://t.co/XG0nwr1Vm5
— FME (@FMEToronto) September 12, 2018
Протестот, со помош на своите родители, го организираше седумгодишниот Емил Рустиџ.
Страшно го нервирало кога неговите родителите повеќе внимание посветуваат на своите мобилни телефони, отколку на него.
Одлучил да се побуни и заедно со своите другари, на 8. септември излегоа на улиците на Хамбург, а на Емил му се приклучија околу 150 луѓе.
Неодамна едно американско истражување за навиките на тинејџерите на социјалните мрежи покажа дека околу 33 отсто од речиси 1000 анкетирани, на возраст од 13 и 17 години, сакаат нивните родители помалку да ги користат мобилните и сличните уреди.
The kids are alright. pic.twitter.com/arlNiswMtF
— DW News (@dwnews) September 10, 2018
-Им пречи тоа што нивните родители и пријатели толку се на социјалните мрежи. Се чувствуваат како никој да не обрнува внимание на нив, а веројатно не сфаќаат дека и самите го прават тоа, рече Рон Дал, директор на Центарот за развој на адолесценти на Универзитетот во Калифорнија.
Педијатарот Џени Радески, објави труд во кој го проучува влијанието на технологијата на односот деца и родители, и откри дека има се повеќе случаи во кои технологијата влијае на социјалните врски, и дека во такви случаи забележано е дека има се повеќе проблеми во однесувањето на децата.