Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј вчера изјавила дека локалните избори биле многу тешки за конзервативната партија и резултатот покажал дека државата мора да продолжи со процесот на напуштање на Европската унија. Таа истакнала дека ова е тешко време за нејзината партија и дека пораката на изборите е јасна и гласи – “само продолжете со Брегзит”, истакна “Ројтерс“.
Гласачите на Англија гласаа за повеќе од 8.000 места во административните тела одговорни за секојдневните одлуки за локалните политики.
Како што е наведено, според се уште нецелосните резултати, гласачите ги искористиле локалните избори за да ги казнат владеачките конзервативци, како и опозициските лабуристи заради застојот во врска со Брегзит.