Поранешен американски разузнавач: Ако Карлсон за Хилари Клинтон е „корисен идиот“, таа е само идиот

Американскиот новинар Такер Карлсон покажа повеќе дипломатски особини за време на својот разговор со претседателот на Русија Владимир Путин, отколку што тоа го направи, на пример, поранешната шефица на американската дипломатија Хилари Клинтон, која Карлсон го нарече „корисен идиот“, оцени по интервјуто поранешниот американски разузнавач Скот Ритер.

“Дипломатијата е дипломатија. Тоа е уметност да седнете со луѓето со кои не се согласувате и да се обидете да постигнете компромис за да избегнете конфликт“, изјави Ритер, и објасни дека во тој контекст кога станува збор за Хилари Клинот во неа нема ништо дипломатско и дека, ако Карлсон, како што кажа таа, е „корисен идиот“, таа, за разлика од него, е само идиот.

„Таа не беше добар претставник на Соединетите Американски Држави. Не треба да се согласувате со Владимир Путин за да ја препознаете потребата дека треба да седнете и да го ислушате. Такер Карлсон ја работи работата која требаше да ја сработат Ентони Блинкен, Џозеф Бајден и Хилари Клинтон“, заклучи Ритер.

Пронајдете не на следниве мрежи: