Поранешен соиграч ГО НАПАДНА МЕСИ! „Зошто го носеше тоа“? Еве што значи црната наметка која Лео ја доби од емирот на Катар

Тамим бин Хамад Ал Тани против сите протоколи го облече капитенот на Аргентина.

Лионел Меси го оствари сонот како капитен на Аргентина на Светското првенство во Катар со победата над Франција.

На доделувањето на медалите и пехарите видовме интересна сцена, кога емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, го обви со црна мантија, заобиколувајќи ги сите протоколи.

За оваа облека, која се нарекува бишта, се зборуваше и во англиските медиуми, а Лео беше нападнат од поранешниот соиграч Пабло Забалета.

– Зошто го направи тоа? Нема причина за тоа… – изјави поранешниот десен бек кој изгледа мисли дека Меси имал таен договор со емирот.

Критиките можеби се претерани бидејќи биштата е парче облека што постои во арапскиот свет илјадници години и се носи во посебни пригоди како што се свадби.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.