Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина ја вршел службата со фалсификувана диплома

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) објави дека поднело обвинение против поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОБА) на БиХ, Осман Мехмедагиќ, кој е обвинет за злоупотреба на службена функција поради фалсификување на диплома, објавија медиумите од регионот.

Мехмедагиќ е обвинет за извршување на функцијата на генерален директор на таа служба, иако тој немал универзитетска диплома, која е пропишана со закон како услов за таа позиција, според обвинителниот акт.

Со цел да си овозможи да остане на функцијата, Мехмедагиќ, меѓу другото, презентирал диплома од Американскиот универзитет во БиХ на надлежното тело на Парламентарното собрание на БиХ за надзор на работата на ОБА, за диплома по меѓународно право, иако тој не студирал на тој факултет.

Пронајдете не на следниве мрежи: