Откако поранешниот министер за одбрана Марио Баножиќ беше експресно разрешен од функцијата, хрватскиот премиер Пленковиќ изјави дека уште од утре ќе започнат консултации за тоа кој ќе го наследи.
- Миле Китиќ се жени по трет пат, јавно призна сè: „Да имав проблеми со Марта…?“
- Архиепископот Стефан во канонска посета на Американско-канадската епархија
- Путин му подготвува изненадување на Зеленски: Следна цел нема да биде Запорожје, туку овој град! „Тоа ќе ја наруши целата логистика на украинската армија“
- Кумановец платил 200.000 денари за биткоин и не добил ништо
- Поради ноќна трка, утре од 16 часот посебен режим, ќе бидат затворени повеќе улици во центарот на Скопје
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот министер за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ, кој вчера утрината предизвика сообраќајна несреќа во која животот го загуби 40-годишен возач, додека тој самиот се здоби со тешки телесни повреди на мозокот и главата. Се уште не е познато со која брзина се движело возилото на Баножиќ, а се чекаат и податоците за тоа дали во крвта или урината имало алкохол. Тој моментално е на лечење во одделот за интензивна нега во Осиек, во стабилна состојба и надвор од животна опасност, но и понатаму не се сеќава на несреќата.
„Можам да кажам дека ситуацијата е стабилна. Тој е надвор од животна опасност, но и понатаму сме претпазливи поради повредите на вратот и тежината на повредите кои тој ги добил. Новите наоди од утринава не покажуваат никакви знаци на прогресија на повредите. Тој и понатаму не е целосно свесен, со него може да се комуницира, но не е при целосна свест“, изјави началникот на болницата во Осиек, Крунослав Шего.
Неколку часа по несреќата, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши Баножиќ од функцијата и соопшти дека веќе од утре ќе започнат консултациите за избор на нов министер.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.