Снимка од граѓани кои купуваат леб од фурна во Скопје, а им го наплаќаат за 50 денари по парче, протече во јавноста. Реакциите од граѓаните се дека не се почитува владината одлука за замрзнување на цената на полубелиот и белиот леб, сечен или на парчиња.
Од видеото кое е објавено вчеравечер, се слуша како женско лице порачува леб, а кога прашува: „Колку е?“, добива одговор: „50“. На снимката се слуша како женското лице допрашува: „А од овој другиот, нема?“, на што добива одговор: „Нема, не смееме да даваме“.
Од институцијата посочија дека во контролираните објекти се почитувало замрзнувањето на цената. Лебот кој бил над 33 денари, не бил опфатен со одлуката.
Вчера извршивме и проверка во повеќе маркети од различни брендови. Во најголем дел, рафтовите каде вообичаено стои полубелиот и белиот леб – беа празни.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.