Од денеска португалската Влада ќе ги затвори сите училишни установи, со цел да не се влоши состојбата со пандемијата со Ковид-19.
Според последната блокада што почна минатата недела, сите услуги што не се од витално значење за животот на граѓаните се затворени и на луѓето им е наредено да останат во своите домови.
Владата во Лисабон е критикувана затоа што ги држи училиштата отворени, а родителите на учениците и средношколците упатија апел до владата да ги затвори училиштата.
Градинките, училиштата и факултетите ќе бидат затворени од денеска, со што околу два милиона ученици и студенти ќе останат во своите домови.