Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ изјави дека „српската агресија“ во Бањска и Звечане во северно Косово била однапред подготвена и дел од неа биле и некои српски институции кои ја опремиле, како што ја нарекува, „терористичката група“, која извршила напад со цел да провоцира и да предизвика војна.
Во вчерашното интервју за новинската агенција КосоваПрес, Месиќ вели дека кога еден ден тоа што се случи на 24 септември во Бањска добро ќе се анализира, „ќе се види дека тоа не е само еден ексцес“, туку „сéто било подготвено за една голема провокација“.
- Уапсен хрватскиот министер за здравство Вили Берош
- Почнува обврската за задолжителна зимска опрема во возилата
- ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба
- Експерти: Фокус на новата администрација на САД ќе бидат Украина и Блискиот Исток – Западен Балкан „останува во сенка“
- Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денес?
- Одрони пред Делчево, магла на Плетвар и Ѓавато
- Полицијата врши претрес во домот на хрватскиот министер за здравство
- Метео: Облачно, дождливо и ладно време
- Овие три хороскопски знаци се најголеми скржавци
– Тоа било однапред испланирано и во тоа учествувале и повеќе институции кои можеле да доведат вооружени луѓе, опремени со средства за војна – тоа се бомби, тоа се тешки митралези, оклопни возила… Значи сéто било подготвено за една голема провокација, за да се возбудат луѓето од околината и да реагираат, а потоа Србија тука би се појавила како „оној кој сака да ги реши работите“. А, всушност, тоа е српска политика која сака да интегрира дел од Косово во својот простор, вели Месиќ.
Месиќ порача дека „Косово е држава“ и дека сите треба да го признаат тој факт.
– Мислам дека целиот свет треба да сфати дека Косово е факт, Косово е држава и сите држави кон Косово треба да ги имаат истите права и истиот однос. Значи треба да се признае еден факт. Тоа што во Србија не го признаваат Косово, тоа е проблем што си го постави себеси самото српско раководство, вели Месиќ.
Според него, Србија не мора да го признае Косово, но мора да дозволи слободна комуникација со светот.
– Целиот свет ќе го признае Косово, но Србија нема потреба да го признае. Меѓутоа, Србија мора да дозволи движење на луѓето, на капиталот, на идеите… Значи мора да ја дозволи комуникацијата со светот, изјави Месиќ.
И по нападот на српската група во Бањска, каде што беше убиен косовски полицаец и тројца од групата напаѓачи, Месиќ вели дека Косово треба да го продолжи дијалогот.
– Секако (треба да продолжи дијалогот). Косово секогаш покажувало интерес сé да се реши по мирен, дипломатски пат, и во таа смисла јас мислам дека Косово и натаму ќе ги има истите ставови, изјави Месиќ.
Тој вели дека „Владата на Косово, тие кои што ја водат земјата, водат една европска политика и во таа смисла, и во Србија треба да ги сфатат фактите и според тие факти да се однесуваат“.
Месиќ ја критикува Европската Унија за пристапот и ставовите во однос на Косово, оценувајќи дека Брисел „не води доволно европска политика“.
– Сметам дека Европската унија не води доволно европска политика. Таа повеќе внимава што ќе рече Америка, а не што е интерес на Европа и во таа смисла мислам дека раководството на ЕУ греши, затоа што Европа треба да води европска политика, вели Месиќ.
Човекот кој како претседател ја водеше Хрватска една деценија, позитивно ги оцени дејствијата на косовските институции по нападот на 24 септември, бидејќи смета дека создадената ситуација можеше да предизвика уште повеќе жртви.
– Во таа – може да се рече – тешка ситуација, тешка провокација, и владата и претседателката (на државата) ги презедоа сите мерки кои се потребни. Косовските институции во своето дејствување постапија според европски стандарди и јас им честитам што не дозволија овој предизвик да заврши со поголеми жртви, рече Месиќ.
Тој ја критикува Србија поради тоа што ги слави, како што вели, „терористите кои го нападнаа Косово“.
– Србија презеде доста мерки поради кои светот може да им забележи. Имено, тие ги слават терористите кои ги нападнаа институциите на Косово, кои го нападнаа Косово. Значи, тие (напаѓачите) загинаа во еден терористички напад, а Србија нив ги слави како жртви на албанската политика. Значи, тие (Србија) презедоа сé за да направат онака како што не треба, заклучи Месиќ во интервјуто за приштинската агенција КосоваПрес
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.