За овие одлични топчиња ќе бидат доволни малку маргарин, шеќер, бисквити, рум и уште неколку состојки.
Со оглед на тоа дека Велигденскиот пост е на прагот, решивме да ги задоволиме сите оние кои се зависни од слатко со еден одличен рецепт.
СОСТОЈКИ:
- 250 гр маргарин
- 150 гр шеќер во прав
- 250 гр посни мелени бисквити
- 7 лажици рум
- две лажици џем од кајсии
- 100 гр посно чоколадо
Подготовка:
Маргаринот се мати со шеќерот во прав. Потоа додадете мелени бисквити, рум и џем од кајсии. Сè убаво замесете и од добиената маса направете мали топчиња. Растопете го чоколадото и секое топче потопете го во него. После тоа, оставете ги топчињата малку да одморат, за да се стврдне чоколадото.