Поставени знамињата на ОБСЕ пред МНР

Пред Министерството за надворешни работи од утрово се поставени знамињата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во пресрет на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата од 1 јануари 2023.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела кажа дека претседавањето со ОБСЕ идната година ќе биде одлична можност за земјава, додавајќи дека „имаме што да ѝ понудиме на ОБСЕ и не случајно нѐ избрале за претседавачи“.

ОБСЕ е најголема безбдносна организација во која членуваат САД и Русија. 


Пронајдете не на следниве мрежи: