32-годишна студентка на престижниот Универзитет Оксфорд, Лулу Џемима, по потекло од Уганда реши да стане невеста и да се венча себе си.
Џемима во целост и се посветила на науката и немала време да си најде идеален партнер. Но, тоа не ги спречувало сите да ја прашаат зошто не се мажи и кога ќе виде невеста. Таа дури и не размислувала за љубов, зашто била презафатена.
За да ги прекине распрашувањата за нејзината венчавка, таа на роднините и пријателите им пратила покани за свадба. Изнајмила венчаница, стоела пред олтар, па дури и одржа говор пред гостите на кои им објасни зошто на 32 години нема партнер покрај себе.
-Веднаш кога ги пратив поканите, почнаа телефонските јавувања и сите сакаа да знаат кој е младоженецот. Им реков дека ќе бидат изненадени, вели Џемима.
Таа објаснува дека во нејзината родна земја Уганда, многу е важно жената млада да се омажи и да има деца. Нејзиниот татко го напишал свадбениот говор за свадбата на својата ќерка уште кога Џемима имала 16 години. Од парите што ги добила како свадбени подароци од 279-те гости Џемима планира да си го плати натамошното школување.