Потврдена казната и на Ѓоко Поповски. Идната недела пресуда за Гордана Јанкуловска

Покрај за Груевски денеска Апелација донесе одлука и за казната на поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, кој исто така беше осуден во „Тенк“, на 6 години и 6 месеци затвор. Второстепениот суд му ја намали казната за две години односно на 4 години и 6 месеци.
Идната недела треба да се заврши со судење по истиот предмет и со Гордана Јанкуловска. За беа постапката беше раздвоена поради ризичната бременост. Околу два месеци по породувањето, на крајот на август започна и нејзиното судење, а пред првостепениот суд ќе заврши во понеделникот кога ќе биде објавена пресудата

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.